ПОВЕЌЕ

    Овој богат човек веруваше дека Велика Британија ќе биде „совршено успешна без ЕУ.“ Но сега ја напушти својата родна земја

    Време зa читање: < 1 минутa

    Сер Џим Ратклиф, опишан од британските медиуми како најбогатиот Британец и еден од главните поборници за Брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во Монако.

    И покрај неговите претходни тврдења дека Велика Британија ќе биде совршено успешна без ЕУ, Ратклиф (65) одлучи да ја напушти својата родна земја и да се пресели во Монако, каде не се плаќа данок на доход, пишува Гардијан.

    Ретклиф е сопственик на најголемата британска петрохемиска компанија „Инеос“, а неговото богатство се проценува на 17,5 милијарди фунти (околу 19,2 милијарди евра).

    Гардијан проценува дека преселбата во Монако ќе го спаси Ретклиф од четири милијарди фунти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично