ПОВЕЌЕ

    Босна и Херцеговина има криптовалута со која се тргува на европските берзи 

    Време зa читање: < 1 минутa

    Криптовалутата иницирана од ентузијасти од Босна и Херцеговина, ќе почне од денес да котира на глобалната берза WhiteBit, лиценцирана во ЕУ. Зад валутата RXC стои заедницата Crypto.ba, чиј основач е Неџад Смајиќ од Сански Мост.

    Заедницата е основна во 2017 година и се базира на едукација за криптовалутите и блокчејн технологијата. Покрај сите понудени услуги за заедницата, како и за сите посетители, следниот логичен чекор беше ослободување на првата криптовалута од БИХ, како проект на заедницата, пишува Кликс.ба.

    „Моето десетгодишно искуство многу ми помогна да ја започнам криптовалута RXC на потполно транспарентен начин. RXC се појави како заедница за криптовалути и како начин за промовирање на оваа технологија, особено кај младите“, вели Смајиќ.

    RXC наскоро ќе биде достапен во менувачницата BCX.ba во Бања Лука и берзата BCX.rs во Србија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично