Германскиот технолошки гигант „Бош“ отвори фабрика за чипови во Дрезден вредна милијарда евра, која ќе помогне во задоволувањето на зголемената побарувачка за полупроводници.
Поради глобалниот недостиг на полупроводници, водечките автомобилски компании како „Фолксваген“ и БМВ се принудени да го стопираат производството на возила во последните месеци.
– Стагнацијата на пазарот на полупроводници го попречи закрепнувањето на економијата по кризата со коронавирусите – изјави германската канцеларка Ангела Меркел на церемонијата на отворањето на фабриката.
Компанијата, која е голем снабдувач на автомобилската индустрија, рече дека ова е најголемата инвестиција во нејзиното 130-годишно постоење.