Во поткастот „Каде се парите?“, Борис Георгиевски од Дојче Веле објаснува зошто изборот на новиот канцелар во Германија претставува преседан и што значи тоа за цела Европа. Како оваа политичка нестабилност влијае на економскиот мотор на ЕУ и што значи за македонската економија? Слушнете детална анализа од Борис, кој долги години ги следи германските и европските процеси.
„Оно што фрли дамка врз изборот на Мерц беше фактот што 18 пратеници од неговата коалиција, или од неговата партија, ЦДУ, или од редовите на социјалдемократите, не гласаа за него во Бундестагот. Бидејќи гласањето е тајно, никогаш не се дознаа кои биле тие што не гласале… Уште на стартот се покажа дека во самата коалиција има пукнатини… За причините околу тоа незадоволство може да шпекулираме само но фактот дека во изминатите месеци нешто додека се преговараше таа нова владина коалиција, излегува на видели на неколку проблеми. Во прв ред беше она задолжување од 1000 милијарди евра коешто го најави новата владина коалиција коешто треба Германија да ја потурне посебно во економскиот дел малку посилно напред…. Германија останува економски џин, не само во Европа, туку и во светот, но падна во втор план и политички и економски.“
Гледајте не и секако притиснете „сабскрајб“ на нашиот ЈуТјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.
Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.
Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.