Отпуштањето на илјадници луѓе за време на пандемијата, заемот од четири милијарди евра и државната помош од 100 милиони евра не ја спречија холандската туристичка агенција Booking.com да им исплати на нејзините тројца директори надомест од 28 милиони евра бонус. Според компанијата, тие го сториле тоа со цел директорите да не ја напуштаат компанијата, што го покрена прашањето дали директорите или вработените се поважни за опстанок?
Под нормални околности, најголемиот дел од заработката на високите раководители потекнуваат од долгорочните бонуси од акциите, кои се поврзани со финансиските перформанси. Бидејќи профитот и продажбата паднаа за време на пандемијата, директорите практично не добиваа паричен надоместок, што би можело да ги натера да ја напуштат компанијата. Затоа, одборот, по консултација со најголемите акционери, одлучи соодветно да ги прилагоди критериумите за бонусите.
Така, извршниот директор доби околу 5,8 милиони евра акции и готовина. Потпретседателот доби 2,8 милиони евра, додека главниот финансиски директор доби 20 милиони евра бонус, главно во акции.
Во меѓувреме, вработените во седиштето на компанијата во Амстердам во просек добиваа 80 проценти од максималниот бонус во текот на изминатата година, што обично е околу 15 проценти од годишната заработка. Покрај тоа, фиксните плати на менаџерите беа намалени за 20 проценти.
Минатата година беше проблематична за Booking.com, за разлика од неговите конкуренти Airbnb и Expedia.
Според Букинг, потребно е да се задржи талентот и силното лидерство со цел компанијата да излезе од кризата. Во истата прилика, компанијата додаде дека активно работи за да остане на посакуваното место за работа.