ПОВЕЌЕ

    Боинг се согласи да плати 2,5 милијарди долари поради заговор!

    Време зa читање: 2 минути

    Авиокомпанијата Боинг криела информации за дизајнот на својот авион „737 Макс”, од службениците за безбедност. Поради тоа, Боинг се согласи да плати 2,5 милијарди долари за да ги порамни казните за кривичните пријави во САД. дека

    Американското Министерство за правда соопшти дека авиокомпанијата избрала „профит наспроти искреност”, со што го спречила надзорот на авионите кои имаа две несреќи со човечки жртви, пишува Би Би Си.

    Околу 500 милиони долари ќе им бидат исплатени на семејствата на 346 загинати патници во авионските несреќи.

    Боинг призна дека со ова порамнување компанијата е доведена до колапс.

    Генералниот директор на „Боинг”, Дејвид Калхун изрази уверување дека прифаќањето на оваа одлука е реална состојба за компанијата и претставува соодветен начин за признавање неуспех во остварувањето на своите вредности и очекувања на вистински начин.

    Оваа пресуда сериозно не потсетува сите, колку е важна нашата обврска за транспарентност за регулаторните тела и последиците со кои може да се соочи компанијата доколку некој од нас не ги исполни тие очекувања, истакна Калхун.

    Од вкупната казна, повеќето – 1,77 милијарди долари треба да бидат наменети за оние компании кои ги купија авионите од „Боинг” а беа погодени од приземјувањето на леталата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично