ПОВЕЌЕ

    Како го стекнале богатството петте најбогати жени во светот?

    Време зa читање: 2 минути

    Најбогатата жена на светот е Алис Валтон која е “тешка” 54.4 милијарди долари, согласно листата на 2.095 лица кои се најдоа на списокот на светски милијардери на „Форбс“. Таа е единствената ќерка на основачот на американската мултинационална корпорација за малопродажба „Волмарт“, Сем Валтон. Алис Валтон никогаш активно не учествувала во работата, но наследила акции и дивиденди од компанијата. Таа е голем љубител на уметноста и добар дел од парите што ги има ги троши на скапоцени слики.

    Французинката Франсоаз Бетанкур Мејер е втора жена на листата на „Форбс“ со проценето богатство од 48.9 милијарди долари. Таа е наследничка на козметичката империја „Лореал“ и единствената ќерка на Лилиан Бетанкур, која во текот на 14 години ја имаше титулата „најбогата жена во светот“, пред да почине во 2017 година.

    Вдовицата на милијардерот Дејвид Кох, една од неколкуте сопствениците на енергетско-хемиски гигант, „Кох Индустрис“. Џулија Флешер Кох е третата жена чие богатство се проценува на 38.2 милијарди долари. Таа наследила сè по неговата смрт во август 2019 година.  Џулија Флешер Кох и Дејвид Кох биле во брак 23 години,

    Богатството на Мекензи Безос, четвртата најбогата жена во светот се проценува на 36 милијарди долари. Таа 25 години била во брак со основачот на „Амазон“, Џеф Безос. Во далечната 1996 година делела канцеларија со помлад вработен во просторот кој бил дел од кујната на компанијата. Работела 12 часа на ден во одделението за сметководството на „Амазон“, а ноќе одела во магацинот да пакува нарачки. По разводот добива акции во Амазон, доволно за да се најде на листата најбогати жени според „Форбс“.

    Германката Бит Хејстер е „тешка“ 33.3 милијарди долари и е едно од двете деца наследници на милјардерот Карл Албреихт кој го основаше ланецот на супермаркети „Алди“. Богатата наследничка има шест деца. Ланцеот на супермаркети „Алди“ добива сѐ поголемо значење поради ниските цени, потесниот асортиман, но и солиден квалитет на производите кои ги продаваат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично