Најзначајните реформи во Македонија често доаѓаат само под европски притисок. Уредникот во Телма, Боби Христов, кој е гостин во „Каде се парите?“, објаснува зошто Планот за раст е нашата последна шанса за напредок – ако ги исполниме критериумите, следуваат пари, ако не, остануваме на маргините.
„Планот за раст, особено за Македонија, со оглед на политичките проблеми кои што ги имаме, е последниот инструмент кој што може да не одржи на некаква реформска линија. Сите влади до сега, вклучително и оваа, покажаа дека без надворешен притисок, за жал, кај нас реформи нема… Од друга страна ова е малку поразително за нас. Во основа ова е инструмент на реформа за пари.“
Гледајте не и секако притиснете „сабскрајб“ на нашиот ЈуТјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.
Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.
Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.