Во ова издание на „Каде се парите?“, Боби Христов од Телма со јасен став – македонската економија е нераскинливо врзана со европската. Без разлика на реториката или политичките алтернативи, бројките не дозволуваат илузии. Ако сакате анализа без фрази, слушнете што вели Боби Христов уредник во Телма.
„Ние сме врзани по сите основи… Може ќе дојде и да ќе влезе некој ад хок инвеститор, и од арапските земји и од Кина, сме предодредени дека ќе го одбегнуваме на некој начин. Го немаме капацитетот и потенцијалот што го има еден Александар Вучиќ, на пример, да собира од сите страни.
Кој е нашиот проблем со Европа? Нашиот проблем со Европа е дека ние сме економски преповрзани, а од друга страна ради тоа што ни се случува на политички план, некако се обидуваме сето тоа, дури и што е на економски план, да го занемариме. Не ти треба ништо друго, ја следиш генерално и многу добра енергетиката, и добро знаеш. И да станеме со сарказам, 51. држава на САД, или согласно новото братство со Унгарија, да станеме унгарска покраина, ние не можеме да го смениме фактот дека нашата економија е врзана со европската, и не можеме да го смениме фактот дека оваа држава мора да ги следи и да ги инкорпорира сите правила на Европската енергетска заедница, и тоа се случува со нов закон од 400 страни. Точка. Крај.“
Гледајте не и секако притиснете „сабскрајб“ на нашиот ЈуТјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.
Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.
Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.