Германскиот производител на луксузни автомобили БМВ планира значително да го зголеми производството на електрични возила, изјави извршниот директор Оливер Зипсе за германскиот весник „Аугсбургер алгемајне“.
“Значително го зголемуваме бројот на електрични возила. Од следната година до 2023 година, ќе произведеме четвртина милион повеќе електрични автомобили отколку што првично беше планирано”, изјави Зипсе за понеделното издание на весникот.
БМВ сака електричните автомобили да отпаѓаат приближно една петтина од продажбата до 2023 година, рече Зипсе. Оваа година, нивниот удел е околу осум проценти.
Извршниот директор повторно повика да се забрза проширувањето на инфраструктурата за полнење.
“Од денес, петнаесет илјади приватни и околу 1.300 јавни бензински пумпи треба да бидат ставени во функција секоја недела. За жал, сè уште сме далеку од тоа”, заклучи лидерот на БМВ во интервју за германскиот дневен весник.