ПОВЕЌЕ

    Блокада на пратениците во интерес на работниците

    Време зa читање: 2 минути

    Работниците предводени од ССМ денес одат на протест и блокада на Собранието, каде што ќе ги повторат барањата за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Од 9 часот ќе биде затворен пристапот до законодавниот дом, односно улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев”.

    „Ги блокираме пратениците затоа што 14.369.470 денари е сумата која пратениците во македонското Собрание ја земале за патни трошоци во 2025 година. Рекордерот за 2025 година според инфирмациите од медиумите е Кире Божиновски, кој земал 637.233 денари, а е од Битола. Веднаш зад него е и минатогодишниот рекордер Петар Ристески со 602.187 денари.

    На тие пари за патни трошоци, минатата година не поддржаа зголемување на минималната плата и зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари, а не поддржуваат и оваа година“, напиша Трендафилов на социјалните мрежи.

    Исто така, потсетува дека пратениците се дојдени на таа функција затоа што се избранисо гласовите на работниците:

    „Пратениците се глуви на работничките барања за зголемување на работничките плати, а работниците им дале мандат да уживаат во луксузот со 79 % зголемени плати кои дополнително ќе се зголемат за 12,6 % доколку Уставниот суд  ја укине Уредбата на Владата од минатата година и ќе се зголемат за 9,2% колку што пресмета гувернерот на Народната банка дека изнесува порастот на просечната плата за 2025 година, или ќе добијат вкупно 21,8% зголемување на нивните плати“.

    Од ССМ најавија дека во четврток (12 февруари) ќе бидат блокирани работодавачите, односно протестот ќе се одржи пред Стопанската комора, а на 17 февруари – Владата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично