ПОВЕЌЕ

    Блок-трансакција со акции на Реплек – вложени 56 илјади евра

    Време зa читање: 2 минути

    Блок-трансакција со акции на Реплек. Познат купувач вложил 3.471.700 денари, односно 56,5 илјади евра во 233 хартии од вредност издадени од скопската фармацевтска компанија. Или, за секоја акција се платени по 14.900 денари.

    Цената е пониска од просечната дневна – 15.200 денари, постигната при вчерашното тргување на официјалниот пазар. Истргувани се 18 акции со промет од 273.600 денари. Притоа, вредноста на акцијата опаднала за 0,67 проценти.

    Кој стои зад блок-трансакцијата, не е познато. Во Реплек има неколку големи акционери со над пет проценти. Најмногу – 31.650 акции што претставува 12,21 процент, се во сопственост на генералниот директор Душан Пецовски. Како купувач повремено се јавува и неговиот брат Владимир, кој засега има 6,34 проценти. Кај Сава Пензиски фонд се 6,4 отсто од капиталот, кај компанијата Ситко Антонио 6,37, а лабораторијата Биотек располага со 6,3 отсто од акциите.

    Меѓу големите акционери е и Настел на бизнисменот Зоран Азманов. Но, за разлика од другите кои купуваат, градежната компанија веќе една година е во улогата на продавач. По последната продажба направена на почетокот од месецов, го намали сопственичкиот удел на 6,64 проценти (17.201 акција). Минатата година, кога во јули ги продаде првите пет акции, имаше 9,36 отсто од основната главнина.

    Фармацевтската куќа Реплек, пак, поседува 8,14 отсто од капиталот во форма на сопствени акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично