Блок-трансакција вредна над 40 илјади евра е забележана вчера на Македонска берза, преку која се купени акции на Комерцијална банка.
Според официјалните податоци, се работи за 87 обични акции. Познат купувач ги стекнал по единечна цена од 28.399 денари, при што е направен промет од 2.470.713 денари.
Вредноста на акцијата е речиси иста со постигнатата просечна цена во текот на вчерашното тргување (28.399,59 денари), чија дневна промена е позитивни 0,15 насто. Истргувани се 813 акции за 23.088.870 денари, односно за над 375 илјади евра.
Една недела претходно (петти септември), исто така бил реализиран блок со акциите на најголемата банка, со цена пониска за четири денари. Или, за секоја од 123-те акции биле дадени по 28.395 денари, а вкупно 3.492.585денари (56,8 илјади евра).