ПОВЕЌЕ

    Бјанка Катру од „The Economist MeetUp“: Финтек компаниите се новите технолошки лидери

    Време зa читање: 4 минути

    На престижната бизнис и економска конференција „The Economist MeetUp: The World Ahead 2026“, која се одржа на 18 декември во хотел Холидеј Ин – Скопје, финтек секторот беше во фокусот како еден од клучните двигатели на дигиталната трансформација во финансиската индустрија. Настанот обедини високи претставници на Владата, дипломатскиот кор, водечки бизнис-лидери, финансиски и индустриски експерти, како и истакнати регионални гости, позиционирајќи го MeetUp-от како централна платформа за дијалог за иднината на економијата, технологијата и лидерството во регионот.

    Меѓу истакнатите говорници на панел-дискусиите беше Бјанка Катру, заменик генерален директор на М КЕШ, која го претстави патот на компанијата кон редефинирање на финансиските услуги преку иновации, брзина и високи безбедносни стандарди.

    Финтек компаниите – двигатели на современите финансиски услуги

    Во рамки на панел-дискусијата, Катру истакна дека финтек компаниите одамна ја надминале улогата на алтернатива на традиционалните финансиски институции и денес претставуваат стратешки лидери кои го диктираат темпото на пазарот.

    „Нашата улога е да докажеме дека финансиската услуга може да биде брза, едноставна и логична како и секоја друга современа дигитална апликација. Денес, корисниците на М КЕШ можат да добијат кредит за само неколку минути – целосно онлајн и без хартија,“ истакна Катру.

    Преку воведување на дигитална идентификација, автоматизирани scoring модели и електронско потпишување договори, М КЕШ го скрати процесот на аплицирање и одобрување на кредит на 3 до 5 минути, истовремено позиционирајќи се како еко-свесен бренд со целосно дигитализирани процеси.

    Фин Кредит – проширување на дигиталното портфолио

    Како дел од стратешкиот развој, на настанот беше истакнат и новиот бренд Фин Кредит, кој функционира под капата на М КЕШ. Брендот е специјализиран за соработка со синдикати и организации, овозможувајќи им на нивните членови брз и поволен пристап до финансиски средства преку целосно дигитализирана платформа, без административни бариери.

    Сајбер-безбедноста како темел на довербата

    Посебен акцент во излагањето на Катру беше ставен на сајбер-безбедноста и заштитата на податоците. Таа истакна дека М КЕШ инвестира околу 10% од технолошкиот буџет во безбедносни системи, водејќи се од принципот security-by-design.

    Овие инвестиции вклучуваат:

    • напредна енкрипција, вградена во самата архитектура на системот,
    • користење на behaviour analytics и вештачка интелигенција за детекција на сомнителни активности во реално време,
    • редовни независни пенетрациони тестови и целосна усогласеност со GDPR-регулативите.

    Поглед кон 2026: АИ и e-wallet решенија

    Говорејќи за идните чекори на финтек индустријата, Катру најави дека следната фаза од развојот ќе биде обележана со АИ-поддржана кредитна анализа и развој на e-wallet платформи.

    „Финансискиот производ станува дигитална услуга. Нашата цел е до 80% од финансиските одлуки да бидат потпомогнати од вештачка интелигенција, со што дополнително ќе се зголемат прецизноста, брзината и персонализацијата на услугата,“ заклучи Катру.

    Со учеството на ваков значаен меѓународен настан, М КЕШ уште еднаш ја потврди својата позиција како еден од предводниците на финтек револуцијата во Македонија, активно придонесувајќи кон приближување на домашниот финансиски пазар до највисоките европски и глобални стандарди.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично