Посебно тело за заедничко привлекување на инвестиции за земјите од Западен Балкан и заеднички настап во Берлин, Дубаи и Шангај договориле стопанските комори од регионот на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) што се одржа во Белград.
– Развојот на заедничкиот регионален пазар, како единствена инвестициска дестинација логично ја промовира одлуката за заеднички настап на Берлинскиот самит на 30 јуни 2021 година, Дубаи ЕКСПО на 1.10.2021 година и Кинескиот интернационален саем на 5.11.2021 година, информираат денеска од Стопанската комора на Северна Македонија.
На седницата донесена е и одлука за отворање на канцеларија и фондација на КИФ во Скопје.
Во рамки на Коморскиот инвестициски форум одржана е и средба на копретседателот на форумот Бранко Азески и генералниот секретар на КИФ Татјана Штеројва-Душковска со стариот и новиот директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во Белград, задолжени за Западен Балкан, Сузана Харгитаи и Матео Колангели.
Коморскиот инвестициски форум е основан 2015 година и ги застапува интересите на 350 000 компании на 6-те земји од Западен Балкан.