ПОВЕЌЕ

    Бизнис Мрежа од сега со бонитетни информации за компании од Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија.

    Време зa читање: 2 минути

    На македонските компании значително ќе им се олесни процесот за носење паметни деловни одлуки во соработка со компании од регионот. Сега веќе имаат можност да добијат инстант информација за бонитетот на било која компанија од Србија, Хрватска, Словенија или Црна Гора, целосно онлајн на само еден клик. За било компанија од регионот можете да ги проверите нивните финансиски податоци, кредитен рејтинг, бизнис тренд, судски спорови, сопственичка и управувачка структура. Сето ова го овозможува платформата за бонитетни информации – БизнисМрежа.мк.

    Од БизнисМрежа велат дека соработката на македонските компании со компании од регионот значително ќе се олесни, а воедно истата ќе се зголеми со помош на алатката за брза проверка на бонитетот на компаниите.

    На македонските корисници на располагање им се нудат четири нови модули на платформата БизнисМрежа.мк односно бонитетни податоци за сите компаниите од Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.

    Платформата БизнисМрежа.мк е поддржана од Фондот за Иновации и Технолошки развој (ФИТР). БизнисМрежа.мк е збир на прецизни online деловни информации, кои што се потребни за донесување секојдневни деловни одлуки. Најголемата база на податоци Ви овозможува увид во работата на повеќе од 80.000 активни македонски правни субјекти, а сега веќе достапни се и податоци за компании од Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора. На едно место ги содржи сите последни информации за сите регистрирани правни лица.

    Повеќе информации македонските компании можат да добијат на телефонскиот број 02/3117-100 или со контакт на е-пошта [email protected].

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично