ПОВЕЌЕ

    Битолски СН Брокер: Речиси пет милиони евра од продажбата на полиси

    Време зa читање: 2 минути

    За битолскиот СН Брокер АД изминатата 2022 ќе биде забележана како година на солидни финансиски резултати. Со приливи на средства и остварена добивка од тековното работење.

    Нешто помалку од пет милиони евра (4,9) или 302.352 илјади денари се вкупните приходи, каде што се бележи раст од 0,8 проценти во споредба со 2021 година. Во нивната структура, со 91 отсто најголемо е учеството на приходите од продажба на полиси, кои и покрај тоа се помали од претходната година – за 1,7 отсто.

    Единечните вкупни расходи изнесуваат 3,9 милиони евра (241.855 илјади денари) и во споредба со 2021 година бележат раст од 0,5 насто.

    СН Брокер лани реализирал инвестиции во основни средства, и тоа во износ од 4,01 милион евра (244.281 илјади денари.

    Обврските, пак, од земени кредити и од долгорочни обврзници биле на ниво од 13,4 милиони евра, односно 821.810 илјади денари.

    Крајниот ефект од минатогодишното работење, поточно нето-добивката е во износ од 889,3 илјади евра (54.149 илјади денари). И, споредено со оствареното во 2021 година бележи зголемување за 6,7 насто.

    За наредниот период, пак, приоритети на СН Брокер АД Битола се грижата за вработените, одржувањето на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и остварување на планските цели.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично