ПОВЕЌЕ

    Биткоинот повторно расте, се очекува да го сруши историскиот рекорд

    Време зa читање: 2 минути

    Најпопуларната криптовалута денес вреди повеќе од 57.200 долари и затоа е прилично близу до рекордот од 58.332 долари. Биткоинот утрово вредеше 57.217 долари според платформата Коиндеск. Некои аналитичари очекуваат дека биткоинот ќе ја надмине границата од 60 000 американски долари за прв пат во историјата.

    Овој пат, инвеститорите влегуваат во биткоин првенствено за да се заштитат од очекуваната инфлација во иднина и покрај фактот дека сè уште нема причина да се биде премногу загрижен за зголемувањето на цените.

    Охрабрувачките информации за големиот интерес на клиентите на Голдман Сакс за најпопуларната криптовалута секако придонесоа за растот на биткоинот.

    Во очите на инвеститорите, тоа е дигиталното злато, заштита од сите ексцеси што неизбежно ќе предизвика диво печатење пари насочено од централните банки, односно пред се висока инфлација и девалвација на класичните валути. Бидејќи цените на златото паѓаат благо неколку месеци, се повеќе станува јасно дека биткоинот навистина ја презеде својата улога во многу од портфолијата на големите играчи.

    ЕЦБ во четвртокот значително ја зголеми проценката на стапката на инфлација за еврозоната и најави побрзо темпо на откуп на средства следниот квартал за да обезбеди поволни услови за финансирање на економијата.

    Оваа година, ЕЦБ сега очекува инфлација од 1,5 процент, во споредба со 1,0 проценти предвидени во извештајот од декември 2020 година.

    Потсетувајќи дека инфлацијата во еврозоната беше 0,9 проценти во јануари и февруари, по минус 0,3 проценти минатиот месец, претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, рапидниот пораст на цените на почетокот на годината го припишува на привремени фактори и повисоки цени на енергијата.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично