ПОВЕЌЕ

    Биткоинот повторно порасна за 13 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Биткоинот скокнаа за повеќе од 13 проценти во четвртокот, односно сега вреди над 38.000 долари откако Базелскиот комитет им даде зелено светло на банките да ја држат водечката криптовалута и другите дигитални средства.

    Најпопуларната криптовалута достигна 38.461 американски долари во раните попладневни часови, зголемувајќи го својот пораст во текот на целиот ден.

    Базелскиот комитет кој врши банкарска супервизија и кој ги поставува меѓународните банкарски стандарди, препорача построги капитални побарувања кои ќе бидат наменети за одржување на биткоинот отколку за одржување на акциите и обврзниците.

    Одборот предложи тежината на ризик да биде 1,250% за биткоинот, етериумот и за сите други криптовалути, со исклучок на стабилните монети кои имаат целосни резерви. Ова значи дека банката треба да го држи капиталот еквивалентен на номиналната вредност од изложеноста на биткоинот.

    Иако Базелскиот биткоин се смета за средство со висок ризик, реакциите на пазарот на Биткоинот укажуваат дека инвеститорите веројатно очекуваат да биде уште полошо.

    Пред информациите од Базел, биткоинот веќе беше во солиден плус благодарение на одлуката на Ел Салвадор кој стана прва земја во светот што воведе биткоин како законско средство за плаќање откако Конгресот во средата го усвои предлогот на претседателот Најиб Букела за прифаќање на криптовалута. 

    Претседателот Букеле се залага за употреба на биткоинот затоа што според него, тоа може да ги заштити девизни дознаки на иселениците од екстремно високите давачки во доларски трансфери. Според законот, компаниите ќе мора да го прифатат биткоинот како платежно средство за стоки и услуги. Со оваа криптовалута ќе биде можно да се плаќаат и даноците.

    Употребата на биткоин како законско средство за плаќање ќе започне за 90 дена, а курсот на биткоин во однос на доларот ќе го одреди пазарот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично