Вредноста на биткоинот го проби прагот од 17.000 американски долари, достигнувајќи го нивото што не беше забележано скоро три години. Цената на оваа криптовалута според платформата Коиндеск скокна на над 17 800 долари.
Според последните достапни податоци, биткоинот го продолжи тргувањето со околу 17.811 американски долари, што е пораст од над 6 проценти во последните 24 часа.