ПОВЕЌЕ

    Гејтс: Биткоинот е штетен – јас купувам вакцини!

    Време зa читање: 2 минути

    Вечерно инфо: Биткоинот моментално вреди 51.443 долари

    Најновата студија од Универзитетот во Кембриџ покажа дека „рударењето“ на биткоин бара повеќе електрична енергија од цела Аргентина, на годишно ниво, и тоа е она што му пречи на милијардерот Бил Гејтс.

    Во неговата изјава: „Криптовалутата користи повеќе електрична енергија по трансакција отколку кој било друг метод познат на човештвото“, може да се насети дека Гејтс не е голем љубител на биткоинот.

    Истражувачите од Кембриџ велат дека троши околу 121,36 терават-часови (TWh) за 12 месеци, а според Гејтс, „биткоинот е лош за планетата“.

    Во минатото Гејтс искоментира дека можете да „играте со биткоин само ако сте богат како Илон Маск“, а сега тој повторно укажува на алармантни податоци поврзани со климатските промени.

    Коосновачот на Мајкрософт сугерира дека биткоинот е еден од факторите кои негативно влијаат на овие промени.

    Бил Гејтс не е од оние што пропагираат дигитални пари, исто како и Ворен Бафет.

    „Не сакам да инвестирам во биткоин. Купувам вакцини против маларија. Инвестирам во компании кои произведуваат производи”, рече Гејтс.

    Од друга страна, Гејтс инвестираше во некои други дигитални валути.

    Најпопуларната од сите криптовалути е дефинитивно биткоинот, кој моментално вреди нешто повеќе од 51.443 долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично