ПОВЕЌЕ

    Биткоин е само на чекор до 50.000 долари

    Време зa читање: 2 минути

    Биткоин се приближува до нов рекорд од 50.000 долари денес, продолжувајќи со наглиот пораст инициран од ставот на големите инвеститори кои почнаа сериозно да ги сфаќаат дигиталните средства.

    Првата и најпозната криптовалута во светот достигна 49.938 долари, зајакнувајќи се за околу 70 проценти оваа година, пренесува Ројтерс.

    Порастот на цената на биткоинот се интензивираше особено откако производителот на електрични автомобили „Тесла“ објави дека вложил 1,5 милијарди долари во биткоин и дека ќе прифати плаќања во оваа дигитална валута.

    Ривалската криптовалута Етериум е исто така близу до своето рекордно ниво од 1.879 долари, кое го достигна минатата недела.

    Покрај „Тесла“, биткоинот во последните месеци забележа невидено барање од бројни големи и мали инвеститори, кои најавија негово прифаќање како платежно средство, пренесе агенцијата Танјуг.

    Најстарата криптовалута во светот ја создаде енигматикот Сатоши Накамото, чиј вистински идентитет не е познат. Тргувањето со биткоин се заснова на блокчејн технологија која функционира како датотека за јавни трансакции и е во оптек од 2009 година кога се тргуваше главно од шпекуланти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично