ПОВЕЌЕ

    Битиќи: Заедно со „Епсотех“ има уште шест други инвестиции, а некој се „кити со туѓи перја”

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Благодарност до ВМРО-ДПМНЕ што ги потврдуваат и продолжуваат планираните инвестиции кои мојот (сега веќе поранешен) кабинет професионално и прецизно ги сработил во изминатиот период“ – најавата на премиерот Христијан Мицкоски за германско-белгиската инвестиција предизвика реакција од поранешниот вицеминистер за економски прашања, Фатмит Битиќи.

    Тој на социјалните мрежи напиша:

    „Да, да: има разлика! Некој се ‘кити со туѓи перја’ и ја објавува инвестицијата на EPSOTECH како своја (и тоа пред да се финализирани сите процедури), а некој чека(л) додека се изјаснат сите релевантни институции за да се потврди договорот за соработка“.

    Според Битиќи, „работа, а не PR е потребна за нашата Татковина да го доживее прогресот што го заслужува“.

    Заедно со EPSOTECH има уште шест други инвестиции за кои се изработени договори за поддршка и го чекаат последниот филтер во Комисијата за заштита на конкурентноста (а од принципиелни причини и изборниот процес не беа обзнанени), напиша во пост скриптум Битиќи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично