ПОВЕЌЕ

    Битиќи: За повисоки плати во здравството и судството треба да се скратат пензиите и студентските оброци

    Време зa читање: 2 минути

    Ако има поквалитетни услуги во здравството и ако во судовите предметите не чекаат со години, ќе има и повисоки плати. Но, треба да се внимава зголемувањата да не им наштетат на другите. А, сега, ако се зголеми фондот за плати во здравството, Обвинителството, во судовите, ќе треба да се крати кај пензиите, студентските оброци, книгите за учениците. Толкави се можностите, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, коментирајќи ги честите и протестите во најава, на кои вработените во здравството и судството бараат повисоки плати.

    „Со министерката за труд и социјална политика сме вклучени во речиси сите преговори со сите страни. И немаме никаков проблем да ги зголемиме платите и во здравството, притоа ако имаме здравствени услуги соодветни за нашите баби и дедовци, родители, за нас самите. Немаме проблем да ги зголемиме платите и во судството и во Обвинителството ако притоа граѓаните не чекаат по шест години за своите предмети за да им се реши судбината. Нема проблем, ќе решиме се, само да не биде на штета на другите. Да не заборавиме, ако го зголемиме фондот за плати во здравството, во Обвинителството, во судовите, ќе треба да скратиме од пензиите, ќе треба да скратиме од оброците за студентите, ќе треба да скратиме од книгите за учениците. Едноставно е, изборот е тој. Тоа се можностите“, образложи вицепремиерот.

    Освен тоа, наведе дека и покрај тоа што работната група се уште не поднела предлог за намалување на функционерските плати, поради отсуство на министерот за информатичко општество, сепак, до крајот на месецов мора да има некакво решение. Потоа, потребните законски измени треба да го минат собранискиот филтер.

    „Мислам дека неделава ќе се состанеме за конечно да дадеме предлог. Ќе мора да има одредено решение до крајот на ноември, затоа што секако ќе бара законски измени кои ќе треба да поминат на Собрание. Парите што би останале ќе ги вратиме на пензионерите, на студентите, на сите на кои им се потребни повеќе од, можеби, на одредени функционери, рече Битиќи, кој со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, присуствуваа на отворањето на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели Цветови“ во Општина Кисела Вода.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично