ПОВЕЌЕ

    Битиќи за платите од 2016 до 2023: Раст од 31 до 91 насто во повеќе сектори

    Време зa читање: 3 минути

    Во изминатите седум години просечните плати растеле и во јавниот и во приватниот сектор. Зголемувањето е во распон од 31 до 91 процент. Податоците ги објави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој на социјалните мрежи сподели графици, со наведени проценти и износите на просечните примања во 2016 и во 2023 година.

    „Зголемувањето на благосостојбата на нашите граѓани е главната цел на нашата влада. Во периодот 2016-2023 година забележавме извонредно зголемување на просечната плата не само во јавниот сектор, туку и во приватниот сектор. Ова се дел од секторите кои доживеаја најголем раст“, напиша на Битиќи.

    Најголемото зголемување од 91 процент е во секторот информации и комуникации. Во 2016 година просечната плата изнесувала 36.501, а во 2023 – 70.017 денари.

    Кај преработувачката индустрија, која е втора според процентуалниот раст – 88, просекот во 2016 бил 17.097, а лани 32.197 денари.

    За 82 насто е поправен просекот во рударство и вадење на камен, каде што во посочениот период има поместување од 26.247 на 47.958 денари.

    Од графиците се гледа дека најнизок раст од 31 процент има во секторот снабдување со електрична енергија. Просечната плата во 2016 била 37.226, а во 2023 – 49.089 денари. Пред нив, со 32 насто зголемување се платите во финансиските дејности, чиј просек од 39.699 пораснал на 52.762 денари.

    Некаде во средина се платите во научи и технички дејности со додадени 52 проценти (од 28.901 на 44.039 денари), здравствената и социјална заштита кои со плус 61 насто се зголемиле од 24.570 на 39.624 денари, секторот уметност, забава и рекреација – од 21.126 на 35.120 денари (+ 66%)…

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично