ПОВЕЌЕ

    Битиќи: За четири години над две милијарди евра поддршка за граѓаните и компаниите

    Време зa читање: 3 минути

    Од почетокот на Ковид-пандемијата во 2020 година, Владата потрошила повеќе од две милијарди евра за антикризни мерки наменети за граѓаните и компаниите, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, во емисијата „Клан Дебата“ која се емитува на Klan Macedonia, при што се осврна и на последниот деветти пакет во вредност од 662 милиони евра.

    „За овие четири години потрошивме над две милијарди финансиски средства за граѓаните и бизнисите, пришто рековме дека ќе одвоиме 662 милиони евра наменети за одредени групи. Тука влегуваат ученици, студенти, има и група на граѓани од ранливите категории и лица со попреченост. Но, секако, тука влегува и приватниот сектор заедно со пензионерите, пришто 155 милиони евра се наменети за поддршка на граѓаните, пензионерите и земјоделците и 492 милиони евра за поддршка на приватниот сектор. Обезбедивме прилично голем пакет за финансирање на приватниот сектор“, рече Битиќи.

    Тој посочи и на новата финансиска мерка, која ќе резултира со повисоки плати во приватниот сектор.

    „Со јануарската плата воведуваме една новост. На приватниот сектор ќе му овозможиме покачување на платите од минимални три илјади до 10 илјади денари, за кои нема да има плаќање на придонеси. Ова претставува наш напор во борбата против неформалната економија, но и за зголемување на платите во приватниот сектор. Оваа мерка ја поздравија и стопанските комори“, изјави Битиќи.

    Од новиот владин пристап придобивки има и за сточарите.

    „Четириесет илјади сточари ќе бидат поддржани со новиот пристап на субвенционирање во сточарството. За првпат сточарите ќе добијат авансно 30 отсто од субвенцијата која им следи“, рече Битиќи.

    Во емисијата вицепремиерот зборува и за поддршката на учениците и студентите, за што Владата ќе одвои 17 милиони евра, додека за пензионерите се планирани 36 милиони евра.

    „Околу 185 илјади пензионери ќе придобијат од разните економски мерки кои ги усвоивме Се работи претежно за пензионери кои спаѓаат во делот на ранливите категории. Од декември важат мерките за пензионерите, односно 92.000 пензионери кои примаат пензија до 14.000 денари, за пет месеци ќе добијат по 3.000 денари, 42.000 пензионери кои примаат пензија помеѓу 14.001 и 16.000 денари ќе добијат по 2.000 денари, додека 52.000 пензионери кои примаат пензија помеќу 16.001 и 19.000 денари ќе добијат по 1.500 денари. Со ова, ќе им овозможиме на сите кои примаат пензија да се доближат до просечната пензија, просечната пензија во последниот месец беше некаде околу 21.000 денари“, рече Битиќи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично