ПОВЕЌЕ

    БИТИЌИ СМИРУВА: Утре ќе видиме дали се почитува одлуката за цените на тестенините и млечните производи

    Време зa читање: 2 минути

    Секогаш се чека последниот ден, но утре изутрина ќе ги видиме цените. Ова е коментарот на вицепремиерот Фатмир Битиќи за непроменетата состојба кај прехранбените артикли, чии цени од утре, согласно владината одлука, одат под мраз.

    Очигледно, така сме навикнати во нашето општество, секогаш е последниот ден, дури и кога е за добра работа. Утре наутро ќе ги видиме цените“, изјави вицепремиерот како одговор на прашањето – дали веќе се почитува одлуката за намалување на цените на млекото и млечните производи во трговијата.

    Според него, анализата на движењата на пазарот покажува дека со завршување на грејната сезона во Европа, почнале да паѓаат цените на берзата кај речиси сите прехранбени производи. Како што оцени, справувањето со економската криза и кризата со храна во цела Европа беше успешна операција и резултатите се веќе видливи.

    Што се однесува до можноста да се интервенира кај цените и на други намирници, кои не спаѓаат во групата основни, како зеленчукот и овошјето, Битиќи со став – нашите трговци и производители треба да ги следат тековите во светот.

    „Ако основните суровини паѓаат, не може цените да останат исти. Цените ќе треба да паѓаат. Како што презедовме мерки за основните прехранбени производи – леб, тестенини, млеко и млечни производи, навестивме дека ќе ги следиме и другите производи. И, ако трговците и производителите сами не реагираат – има јасна порака од Владата: граѓаните нема да ги оставиме сами и ќе донесеме одлука во нивен интерес“, истакна Битиќи.

    За можноста да уследат санкции за сите кои нема да ги намалат цените, вицепремиерот рече: „Во пазарна економија мора да има морал и етика. Ако тие тоа не го спроведат, тогаш Владата ќе ги спроведе мерките што треба да бидат преземени – замрзнување на цените, што е најтешката можна одлука за еден произведувач или трговец. Но, според сите пресметки, не сме нанеле штета со замрзнување на цените“.

    Инаку, од утре тестенините треба да се продаваат со цени пониски за 15, а млекото и млечните производи за 10 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично