ПОВЕЌЕ

    Битиќи: Инфлацијата ќе се врати во нормала – на два до 2,5 проценти  

    Време зa читање: 2 минути

    Веќе следната година инфлацијата ќе се врати во нормала, кога би требало да се спушти на нивото од два до 2,5 проценти. Толкав ќе биде и годишниот раст на БДП, смета вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи. Претстојната, според него, ќе биде година на економско закрепнување.

    „Последниот податок укажува дека тенденцијата и трендот на намалување на инфлацијата веќе не носи таму кај што сме биле. Очекуваме следната година да бидеме на нивото од 2 – 2,5 проценти на инфлација и толкав ист годишен раст на БДП“, вели Битиќи.

    Притоа, посочува дека треба се да се направи, за да се спречи негативното влијание на изборите врз домашната економија.

    „Треба умешно да ги искористиме месеците што ги имаме на располагање за да не направиме негативно влијание на економијата и со тоа да го вратиме реалниот живот на граѓаните во реалните стапки на раст“, нагласи вицепремиерот.

    Во меѓувреме, статистиката за ноември пресмета инфлација од 3,1 процент. На годишно ниво стапката е 9,9 проценти.

    Зголемување на цените е забележано кај зеленчукот, маслото, пијалаците – газирани и овошни, пивото, виното, централното греење… и кај многу други производи и услуги потребни во секојдневието. Нешто се паднати цените кај овошјето, млекото, јајцата…, но тоа не е доволно за поголемиот дел од населението целосно да може да ги покрие минималните месечни трошоци. Засега, како олеснување се присутни гарантираните цени за дел од прехранбените производи, но и таа мерка завршува на крајот од месецов.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично