Бил Гејтс во интервју за подкастот Arm Chair Expert меѓу другите теми, се осврнува и на поранешниот ривал Стив Џобс и, иако смета дека е многу „построг“ од него, тој изјави дека му се восхитува на неговиот потфат и реформата на „Епл“ откако се врати во компанијата.
Џобс беше генијалец, особено ако земеме во предвид сè што направи кога се врати во „Епл“. Никој не можеше да го стори она што го направи. Јас сигурно не”, призна Гејтс.
“Тој навистина беше волшебник кога станува збор за мотивирање на луѓе, додека јас бев малолетен волшебник кој не можеше да маѓепса, но кој го разбираше начинот на кој се прави тоа. Искрено, бев неверојатно љубоморен”, призна поранешниот шеф на „Мајкрософт”.
Гејтс дури ги спомна и неговите недостатоци, како што се недостаток на социјални вештини и (на шега) недостаток на кулинарски знаења и недоволно познавање на странски јазици.