Бил Гејтс, одржа говор во едно средно училиште за 11 нешта, кои нема да ги научите во училиште.
1. Животот не е фер, навикни се на тоа.
2. Светот не го интересира твоето самопочитување. Светот те прифаќа ако постигнеш нешто, пред да почнеш да се чувствуваш добро во твојата кожа.
3. Нема да заработуваш 60 000 долари годишно кога ќе завршиш средно образование. Нема да бидеш потпретседател со службен телефон, се додека не го заработиш тоа.
4. Ако мислиш дека учителот ти е строг, чекај да го видиш шефот.
5. Правењето хамбургери не ти е под честа. Твоите предци имале друг збор за правење хамбургери – го нарекувале тоа „шанса“.
6. Ако погрешиш, не се виновни твоите родители. Не плачи од своите грешки, учи од нив.
7. Пред твоето раѓање, твоите родители не биле досадни како сега. Станале такви поради плаќањето на твоите сметки, чистење на твојата облека и слушаjќи те тебе како зборуваш дека си „кул“ дете.
Затоа гледај да го средуваш плакарот во твојата соба.
8. Твоето училиште има начин за решавање на победниците и губитниците, но животот нема.
9. Животот не е поделен на семестри и полугодија. Нема слободни летови и многу малку луѓе кои се вработени во образовниот систем се заинтересирани да ти помогнат да се најдеш себеси. Тоа прави го во слободното време.
10. Телевизијата не е вистински живот. Во вистинскиот живот луѓето мораат да го напуштат кафулето и да отидат на работа.
11. Биди љубезен кон бубалиците. Големи се шансите некој ден да работиш за нив.