ПОВЕЌЕ

    Бесплатни налози преку Интернет банка и мБанка на Комерцијална банка се додека трае вонредната состојба

    Време зa читање: < 1 минутa

    Клиентите на Комерцијална банка АД Скопје ќе може да ги вршат бесплатно сите денарски налози за физички лица пуштени кон резиденти преку Интернет банка и мБанка се додека трае вонредната состојба во земјава предизвикана од корона-кризата.

    Целта на оваа мерка е да се поттикнат граѓаните да ги користат алтернативните канали за вршење финансиски трансакции, односно да се избегнат непотребните посети на филијали и експозитури со што сите ќе придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19 (корона вирусот).

    Широкиот спектар услуги преку бесплатните веб и мобилни апликации Интернет банка и мБанка на Комерцијална банка се достапни 24 часа на ден преку вашиот компјутер или мобилен телефон од кое било место на кое имате пристап до Интернет.

    Сите потребни информации за Интернет банка и мБанка се достапни на веб страната на Комерцијална банка АД Скопје, профилите на Банката на социјалните мрежи и на контакт-центарот (02) 3296 800.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично