ПОВЕЌЕ

    Бесими на средбa во ЕXIM Банка – Приоритет на Владата се инвестиции во инфраструктурни проекти кои се двигател на економскиот раст

    Време зa читање: 3 минути

    Реализација на крупни јавни проекти во областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, како и заштитата на животната средина се приоритети на Владата и Министерството за финансии коишто се поставени високо на листата. За таа цел Во Буџетот за оваа година се проектирани 800 милиони евра за капитални расходи кои се скоро двојно повеќе во однос на претходната година и отпочнати се повеќе проекти, за кои се обезбедуваат средства, покрај од буџетот и од меѓународни финансиски кредитори. Можностите за обезбедување финансиски средства за проектите на кои работи државата,  беа тема на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со Рeта Џо Луис, претседател на Одборот на директори на EXIM Банката, на која присуствуваа  и заменик-потпретседателот Рита Мурел и Уфо Ерик Атуани, виш потпретседател.

    „Станува збор за стратешки инфраструктурни проекти, кои се одвиваат во повеќе години и кои ќе бидат значаен двигател на економијата и ќе имаат придонес во економскиот развој на земјата, која се стреми да стане членка на ЕУ. Следува значаен инвестициски циклус на проекти, не само во патната и железничка инфраструктра, туку и здравството, образованието, дигитализација и иновации, зелени инвестиции и слично. Дополнително покрај средствата обезбедени од Буџетот, очекуваме со спроведување на усвоениот владин План за забрзување на економскиот раст да поттикнеме и приватни инвестиции, кои заедно се проценуваат на околу 12 милијарди евра“,  рече министерот Бесими.

    Тој се осврна на конкретните проекти што се работат во земјава и нивната финансиска конструкција и поддржувачите на тие проекти, како Светска банка, ЕБОР, ЕИБ, КвФ развојната банка, УНДП, ЕУ фондовите и слично.  При тоа посочи дека портфолиото на јавни проекти што се спроведуваат во соработка со меѓународните финансиски институции, во следниот седумгодишен период се проценува на околу седум милијарди евра. Исто така, упати и на активностите што се преземаат со цел проектите да имаат успешна реализација.

    Министерот за финансии Фатмир Бесими во рамки на посетата на САД ќе оствари средби и во Трезорот на САД и ќе учествува на Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично