Европските берзански индекси денеска растат на отворањето на берзите, американските индекси паѓаат, додека цената на нафтата „брент“ падна под 88 долари за барел.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 17.820,25 поени, лондонски FTSE 100 на 7.878,00 поени, францускиот CAC 40 на 8.014,40 поени, а московскиот MOEX на 3.453,95 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 37.753,31 поени, индексот S&P 500 на 5.022,21 поен, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.683,37 поени пред денеска да се отвори берзата.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 31.500 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.380,33 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,4037 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,06833, што е приближно исто како и во средата, пренесува Танјуг.