Тргувањето на берзата во Токио беше прекинато денес поради технички проблем што се појави на отворањето.
„Токиската берза одлучи да го прекине тргувањето со котираните вредности за целиот ден“, се вели во соопштението на групата што управува со берзата.
Во соопштението се додава дека не е познато кога тргувањето може да продолжи.
Не е прецизирано во што е проблемот. Како што беше наведено, подоцна ќе биде објавено дали берзата ќе работи во петок. Портпарол на берзата само рече дека не забележале знаци на хакерство.
Другите јапонски берзи, Нагоја, Сапоро и Фукока, кои користат ист систем како и Токиската берза, исто така се затворени.
Берзата во Осака, сепак, работеше нормално, според Јапонската група за размена.
Во претходниот голем технички инцидент на Токиската берза во 2018 година, тргувањето беше привремено прекинато, но последен пат берзата беше целосно запрена, што траеше само неколку саати, беше во 2005 година