Од денеска важат новите цени на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Според новата одлука, се намалува цената на „евродизелот“ (Д-Е V) за 0,50 денари/литар и ќе изнесува 52,50 денара/литар.
Малопродажните цени, пак, на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемија за 0,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на „евросупер БС-95“ изнесува 60,00 денари/литар, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ изнесува 62,00 денари/литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 1,00 денар/литар и изнесува 52,00 денара/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,351 денари/килограм и од денес изнесува 25,709 денари/килограм.
Од денес, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС 95“ – 60,00 (денари/литар)
– моторен бензин „евросупер БС 98“ – 62,00 (денари/литар)
– дизел-гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 52,50 (денара/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 52,00 (денара/литар)
– мазут М-1 НС – 25,709 (денари/килограм)