ПОВЕЌЕ

    ББВА банка во Шпанија ќе укине 3.000 работни места

    Време зa читање: < 1 минутa

    Шпанската банка ББВА размислува да укине околу 3.000 работни места на домашниот пазар, што е околу 10 проценти од нејзината работна сила во земјата, пишува весникот Експанзија, повикувајќи се на извори запознаени со настанот.

    Банката ББВА одби да го коментира извештајот на весникот, пренесува Ројтерс.

    Извршниот директор на ББВА, Онур Генц, минатиот месец им рече на аналитичарите дека заемодавателот размислува да спроведе планови за намалување на трошоците во земјите со низок раст, „вклучително и програма за брзо преструктуирање (во Шпанија)“ во текот на 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично