ПОВЕЌЕ

    Бараме новинар што знае дека највредното нешто во еден медиум се – луѓето

    Време зa читање: 2 минути

    Pari.com.mk – водечки аналитички и бизнис медиум во Македонија – го проширува својот тим! Бараме искусен новинар – личност што не само што пишува одлично, туку верува во тимски дух, поддршка и почит меѓу колегите.

    ✨ Што ни е важно:

    • Да си љубопитен/на, професионален/на и чесен/на
    • Да ти е важно како се чувствуваат луѓето околу тебе
    • Да имаш најмалку 5 години искуство како новинар
    • Да ја сакаш темата: економија, бизнис, пари
    • Да умееш да истражуваш и пишуваш јасно, прецизно и разбирливо
    • Да разбираш основни финансиски поими (БДП, инфлација, камати, пазар)
    • Да умееш да читаш финансиски извештаи и годишни биланси
    • Да гледаш низ бројки, но да пишуваш за луѓе

    👥 Што ќе работиш:

    • НЕМА ДА РАБОТИШ ПОД ПРИТИСОК И РОКОВИ
    • Ќе пишуваш аналитички статии што ја одразуваат реалната состојба во економијата
    • Ќе ги промовираш успесите, но и ќе ги анализираш неуспесите на компаниите
    • Ќе ги раскажуваш приказните преку бројки, со поддршка од релевантни соговорници
    • Ќе правиш интервјуа со интересни соговорници од бизнис заедницата, финансискиот сектор, како и со личности кои оставаат значаен белег во општеството – корисни, но недоволно познати во јавноста
    • Ќе помагаш при структурирање на текстови, интервјуа, истражувања
    • Ќе се вклучуваш активно во развој на содржинска и маркетинг стратегија
    • Ќе бидеш дел од тим што се почитува, слуша и си помага

    💛 Што нудиме:

    • Пријателска и поддржувачка работна атмосфера
    • Флексибилен пристап – канцеларија + работа од дома
    • Отворена комуникација и фер однос

    📩 Како да аплицираш?

    Испрати ни:

    1. 3 до 5 твои авторски текстови на кои си особено горд/а
      (не мора да се најчитани – важно е да те претставуваат 😊)
    2. Краток коментар:
      👉 Зошто сакаш да бидеш дел од Pari.com.mk
      👉 И – што мислиш дека можеме да подобриме како медиум, ако ти станеш дел од тимот

    Ако ја бараш вистинската средина – каде што зборот „тим“ значи нешто – тогаш веќе се бараме.

    📅 Рок за аплицирање: 23.07.2025
    📧 Испрати на: [[email protected]]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично