ПОВЕЌЕ

    Омилените банки му го свртеа грбот на Трамп

    Време зa читање: 3 минути

    По само неколку дена „Дојче банка” за да избегне кривична постапка под обвинение дека биле дел од меѓународна корупциска шема , прифати да плати казни над 124 милиони американски долари пред американскиот суд.

    Неколку дена потоа, „Дојче банка” и Сигначр банк  двете омилени банки на Доналд Трамп се повлекуваат од претседателот милијардер а како причина го наведуваат насилството во американски Капитол од страна на неговите приврзаници минатата недела.

    Дојче банка одлучи да се воздржи од понатамошно работење со Трамп и неговите компании, објави Њујорк тајмс цитирајќи извор близок до банката, барајќи да не се идентификува бидејќи разговорите биле доверливи.

    Според извештајот на Државната канцеларија за етика на САД од 31 јули минатата година и банкарски извори, Дојче банк е најголемиот доверител на Трамп со побарувања од околу 340 милиони долари заеми доделени на „Трамп организацијата“, во моментов предводена од неговите двајца синови, пренесува Ројтерс.

    И Сигначр банк, која долго време се грижеше за неговото семејство, рече дека ги прекинува врските додека се залага за негова оставка. Банката затвора две лични сметки на кои Трамп држеше околу 5,3 милиони долари, изјави во понеделникот портпаролот на фирмата.

    „Ние веруваме дека исправна постапка  би била оставка на претседателот на Соединетите држави, што е во најдобар интерес на нашата нација и американскиот народ“, се вели во соопштението на банката, во понеделникот.

    Банката им служеше на Трамп и на блиските до него, вклучувајќи ги и Иванка Трамп, Жеред Кушнер и Мајкл Коен. Во 2011 година, банката ја назначи Иванка во својот одбор, но таа се повлече од функцијата неколку години подоцна.

    „Никогаш порано не коментиравме никаква политичка работа и се надеваме дека никогаш повеќе нема да го сториме тоа“, рече Сигначр банк во својата изјава. Банката нема да работи во иднина со ниту еден член на Конгресот што гласаше за непочитување на Изборниот колегиум, рече портпаролот.

    Дојче банка минатиот месец соопшти дека долгогодишниот банкар на Трамп поднел оставка. Розмари Враблиќ, која работеше во одделот за приватно банкарство, помогна во управувањето со односите на Трамп со банката, бидејќи германскиот заемодавател позајми стотици милиони долари заеми на компанијата на Трамп во текот на неколку години.

    Кристијана Рајли, раководител на деловната активност на Дојче банк во САД, го осуди насилството на приврзаниците на Трамп на 6 јануари во Вашингтон со објава на Линкедин минатата недела

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично