ПОВЕЌЕ

    Банката воведе ново правило: Кој не сака да мери температура, не може да влезе во филијала

    Време зa читање: 2 минути

    Bank Austria“, која е дел од групацијата „Unicredit“, започна со мерење на температурата на своите клиенти.

    Портпаролот на Банката, Матијас Рафтл изјави дека ова е мерка за безбедност со цел да се заштитат вработените и клиентите и дека „Bank Austria“ ги следи препораките на Светската здравствена организација.

    Oваа нова мерка e како последица на зголемувањето на фреквенцијата на клиенти во филијалите, објаснуваат од Банката.

    Сите клиенти кои сакаат да влезат во банката, ќе треба да поминат мерење на температурата, а кој ќе го одбие тоа или има температура повисока од 37,5 степени, нема да може да влезе во филијалата.

    Мерењето на температурата го вршат членови на безбедносната служба, кои поминале соодветна обука.

    „Bank Austria“ е првата банка во Австрија што воведе мерење на температура на влезот во филијалите.

    Другите банки сметаат дека оваа мерка е прекумерна и не планираат да ја следат.

    „Преземените мерки досега се доволни. Мерење на температурата на клиентите сметаме дека е претерано“, истакна портпаролот на „Raiffeisenlandesbank“, Михаела Бергер.

    Исто така, и Ерсте банка истакна дека не сака да воведе мерка мерење на температурата на своите клиенти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично