Како да се стремите да воспоставите хармонија помеѓу вашата кариера и вашиот личен живот?
Во реалноста тоа е социјално прашање. Сите избори се ограничени до одреден степен, и секој може да го максимизира сето она што сака да го постигне во тој контекст. Вашиот успех во голема мерка зависи од тоа како вашиот систем е поставен.
Денес многу малку луѓе работат строго од 9 до 5 или од 8 до 4. Просечната работна недела за многумина надминува 40 часа.
Едно истражување од Американското здружение на психолози покажа дека повеќе од половина од луѓето работат надвор од работното време, голем дел работат и за време на викенд, како и мал дел работат од дома додека се болни.
Дури и кога се на одмор, 44% од луѓето остануваат поврзани со работата. И додека 51% од луѓето кои работат во канцеларија велат дека дигиталните алатки им даваат поголема флексибилност во своите часови, 47% исто така се согласуваат дека овие алатки го зголемија времето во кое работат.
За да им се овозможи на луѓето да живеат целосен живот, менаџерите на компаниите мора да постават нови норми на работното место. Тоа значи добро делегирање на задачи кои ќе се завршат во текот на осумте часа во денот, притоа земајки ја предвид можноста, дел од работата да се заврши наредниот ден. Доколку вашиот работодавец не се стреми кон тоа, можеби е време да почнете да барате ново работно место.