Аналитичарите на Голдман Сакс велат дека бакарот е “новата нафта” и предвидуваат пораст на цената на црвениот метал до 11.000 долари по метрички тон.
Тие ги објаснуваат своите прогнози за зголемувањето на цената на бакарот со забрзувањето на транзицијата кон „зелена“ енергија од фосилни горива и недоволното снабдување со овој метал, пренесува CNBC.
Врз основа на очекуваниот скок на побарувачката и во услови на веќе оскудна понуда на пазарот во светло на пандемијата, Голдман Сакс сега проценува дека цената на бакарот ќе се искачи во просек на 11.000 американски долари за метар тон во текот на следните 12 месеци .
Според податоците на берзата за метали во Лондон, бакарот се тргува по цена од околу 8.900 американски долари за тон.