Американскиот претседател Џо Бајден, иако е познат како човек од средна класа, тој всушност е милионер. На почетокот на својата кампања, Бајден ги објави сите информации за своите финансии. Врз оснаова на тие податоци, Форбс процени дека тежи 9 милиони долари.
Од 1973 до 2009 та Бајден беше сенатор. Како напредуваше во кариерата, така му растеше и платата и тоа од 42.500 долари на 174.000 долари годишно. Кога беше избран за потпретседател, доби уште едно покачување. Почна да заработува 230.000 долари годишно.
По напуштање на канцеларијата, приходите му беа од пишување книги и држење говори, пишуваше тогаш Вашингтон пост. Тој наплаќал во просек по 100.000 долари од говор, односно од 40 илјади па се до 200 илјади долари повикувајќи се на јавни документи, пост.
Како професор на Пен Бајден Центар за дипломатија, заработил и 540.000 долари.
Во ноември 2009 Бајденовата нето вредност била помала од 30 илјади долари.
Во 2017 година, Бајденс купи и куќа на плажа, на плажата Рехобот, Делавер, за скоро 3 милиони долари.
Кога стана прв човек на Обама во 2019, Бајден со сопругата заработиле над 15 милиони долари.
Според Форбс, најголем дел од богатсвото на Бајден е во недвижнини, но има и портфолио инвестиции.
Неговите две куќи вредат 4 милиони долари. Поседува уште 4 милиони во кеш и инвестиции, а добива и федерална пензија од 1 милион долари.
Сега, претседателската плата ќе му изнесува 400.000 долари годишно, или 33 илјади долари месечно. За покривање на службените трошоци, на Бајден му следуваат доплнителни 50.000 долари годишно.