ПОВЕЌЕ

    Ова се 3 најголеми инвестиции на Ворен Бафет во 2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    Кога станува збор за успешни инвеститори, Ворен Бафет, извршен директор на Беркшир Хатавеј, е на врвот. Овој Американец е рангиран како седмиот најбогат човек во светот со богатство од повеќе од 78 милијарди долари, не сметајќи десетици милијарди што ги донирал за добротворни цели во последните 15 години.

    Бафет продаде многу акции во текот на 2020 година. Но, поради хаосот и неизвесноста на пандемијата на коронавирусот, тој исто така направи три големи инвестиции во кои тој и неговиот тим инвестираа помеѓу 563 милиони и 6,8 милијарди долари.

    Банка на Америка

    Со оглед на тоа што омилената индустрија за инвестирање на Бафет е банкарството, не треба да не изнанади фактот што Бафет значително го зголеми својот удел во Банка на Америка.

    Откако во април доби дозвола од Федералните резерви да ја зголеми сопственоста на Беркшир на Банка на Америка надвор од вообичаениот лимит од 10% за инвестициските компании, Бафет го зголеми својот удел на вкупно 12% од акциите на банката. Вкупно, околу 2,1 милијарди американски долари се инвестирани во Банка на Америка во последните неколку недели.

    Берик злато

    Вредноста на канадската компанија за преработка на злато Берик Голд се зголеми за повеќе од 10%, откако Беркшир Хатавеј објави дека купил удел во таа компанија.

    Беркшир Хатавеј во последниот квартал купил 21 милиони акции на компанијата за преработка на злато и бакар, во вредност од околу 564 милиони долари.

    Набавката доаѓа како изненадување, бидејќи Бафет во минатото беше критичар на златото. Тој рече дека е подобро да се инвестира во компании, фарми и недвижнини.

    Инвестициите во злато привлекоа многу нови купувачи кои сакаат да заштитат барем дел од нивните средства од инфлацијата што ја очекуваат заради големото печатење на парите на централната банка.

    Беркшир Хатавеј

    Според кварталните извештаи на компанијата, Беркшир Хатавеј ги купи своите акции во вредност од 6,8 милијарди американски долари во првиот и вториот квартал, што е повеќе отколку што Бефет потрошил оваа година за да купи акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично