На Азиските берзи, цените на акциите паднаа денес, а инвеститорите се загрижени дека причината за тоа е растот на бројката на новоинфицирани со новиот вид на коронавирус во регионот, но и забавувањето на економското закрепнување од кризата со корона.
MSCI индексот на азиско – пацифичките акции, со исклучок на јапонските, се намали за 0,3 проценти околу 7,00 часот, откако освои 5,8 проценти во првото полувреме.
Така, индексот заостана, со оглед на тоа што индексот MSCI на сите светски берзи порасна за 11,4 проценти од почетокот на годинава, а американските S&P 500 порасна дури за 14,5 проценти.
Утрово на берзата во Токио, индексот Nikkei падна за 0,4 проценти, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Австралија паднаа од 0,1 до 0,5 проценти. Денес поради празниците во Хонг Конг не се работи.