ПОВЕЌЕ

    Азиските берзи го следат падот на Вол Стрит

    Време зa читање: < 1 минутa

    На азиските берзи во вторникот, цените на акциите паднаа, како и на Вол Стрит претходниот ден, иако долгоочекуваната вакцинација против ковид-19 започна со дистрибуција во САД, доларот ослабе во однос на кошницата со валути.

    Индексот на акции во Азија и Пацифик MSCI, со исклучок на јапонскиот, падна за 0,4 проценти околу 7,00 часот, после мал пораст вчера.

    На берзата во Токио, индексот Nikkei падна за 0,35 проценти, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Сингапур, Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа од 0,3 до 0,8 проценти.

    Азиските инвеститори беа потресени од вчерашниот пад на индексите Dow Jones и S&P 500 на Вол Стрит, иако во САД започна долгоочекуваната вакцинација против Ковид-19.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично