ПОВЕЌЕ

    Азиски пазари: Внимателна трговија, стагнација на индексот

    Време зa читање: 2 минути

    Азиските берзи се тргуваа внимателно во четвртокот, со пораст на цените на акциите во технолошкиот сектор, додека паѓа во секторите што се зголемија откако „Фајзер“ објави напредок во развојот на вакцината „Ковид-19“.

    Индексот на азиско-пацифички берзи MSCI, со исклучок на јапонскиот, беше речиси непроменет околу 7.00 часот во споредба со вчера, кога достигна рекордно високо ниво во 2018.

    На берзата во Токио, индексот Никеи зајакна 0,3 проценти, додека цените на акциите во Шангај, Хонг Конг, Австралија, Јужна Кореја и Сингапур паднаа помеѓу 0,1 и 1 процент.

    Како и вчера на Волстрит, каде падна индексот Дау Џоунс и порасна С&П500, цените на акциите на технолошките компании скокнаа најмногу.

    Од понеделникот, вестите за ефикасна вакцина против ковид-19, развиена од „Фајзер“ и „БиоТех“, продолжија да се вртат од еден во друг сектор на светските берзи.

    Од друга страна, банкарскиот и енергетскиот сектор растат во последниве денови, кои беа потиснати за време на пандемијата и кои треба да закрепнат кога ќе се спречи ширењето на коронавирусот и се нормализира состојбата во економијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично