Нето-приходи од над два милиони евра, односно од 126 милиони денари оствари во првите три месеци од оваа година „Аутомакедонија“ АД Скопје. Во однос на лани, забележано е зголемување од 148 проценти.
Резултатот од тоа, според информацијата доставена до Берзата, е оперативната добивка од 3,5 милиони денари, што е противвредност на 56,2 илјади евра. Тоа претставува раст од 67 проценти споредено со претходната 2022 година.
Нема промени кај вкупните оперативни трошоци, а зголемување има во доменот на финансиските трошоци – за нешто повеќе од 12 илјади евра (750 илјади денари) или 69 проценти. Тоа ефектуирало во нето-добивка од 72,3 илјади евра, односно 4,5 милиони денари.
„Аутомакедонија“ е македонска компанија со најдолга традиција во автомобилската дејност, која продава патнички и товарни возила, обезбедува нивно сервисирање, а е застапник и на неколку странски фирми.