ПОВЕЌЕ

    Аутомакедонија подобра од лани: Добивката изнесува 3,9 милиони денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    АУТОМАКЕДОНИЈА АД Скопје во првиот квартал од 2021 година (01.01.2021 – 31.03.2021) оствари нето добивка пред оданочување во износ од 4,3 милиони денари, пораст од 14% во однос на 2020 година.

    Истата е резултат на оперативното работење, согледано преку остварената оперативна добивка во износ од 1,85 милиони денари (во 2020 г. за истиот период остварена е добивка од 20 илјади денари).

    Ова е резултат на зголемени приходи од продажба за 54% во однос на 2020 година, највеќе како резултат на зголемена продажба на автобуси во периодот. Следствено и набавната вредност на продадени производи ја следи динамиката на приходите, додека сите останати трошоци на работењето се намалени за 8% во споредба со минатата година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично