Десет милиони евра, односно 600 милиони денари е вредноста на новата зелена обврзница, со каматна стапка од 4,75 проценти и со рок на доспевање од две години. Наменет е за правните лица, односно компаниите со седиште во државата, како и за граѓаните државјани на Македонија.
Министерството за финансии го објави Проспектот за зелената обврзница со ознака на аукција DO23/18-1025 и ISN ознака MKMINF20GAJ1.
Аукцијата ќе се одржи на трети октомври, а понудите од овластените директни учесници (банки) е предвидено да се достават истиот ден од 11 до 12 часот.
Датумот, пак на уплата е петти октомври.
Рокот за достасување на првиот купон е 5 октомври 2024, а за вториот 5 октомври 2025 година. На нив ќе се пресмета купонска каматна стапка од 4,75 проценти.