Искачувањето на Монт Еверест останува сон за илјадници алпинисти ширум светот. Но, трошоците, ризиците и деталите за оние кои планираат да го освојат врвот на светот се далеку од мали и со нив треба да смета секој кој има намера да се искачи на „покривот на светот“.
Државата во која се наоѓаат и моќниот Еверест и многу од најатрактивните хималајски врвови, кои се најчеста мета на амбициозните планинарски потфати – Непал, деновиве објави двегодишно ослободување од надоместоците за дозволи за искачување за 97 врвови лоцирани во оддалечените провинции Карнали и Судурпашим.
Оваа мерка има за цел да привлече планинари во помалку познати области, со што ќе се стимулира туризмот и економскиот раст во овие неразвиени региони.
Сепак, за разлика од овие стимулативни потези за промовирање на алпинистичкиот туризам, Непал одлучи надоместокот за дозвола за Монт Еверест значително да го зголеми од 11.000 долари на 15.000 долари во септември оваа година.
Надоместоците за дозволи за искачување се витален извор на приходи за Непал, при што алпинизмот и планинарењето заедно сочинуваат над четири проценти од националната економија.
Новите врвови ослободени од надомест би можеле потенцијално да послужат како терени за обука за предложениот закон со кој се бара од планинарите да освојат непалски врв висок 7.000 метри пред да се обидат да се искачат на Еверест.
ЕВЕРЕСТ ОСТАНУВА ДАЛЕЧЕН И СКАП
Како што истакнува ветеранот алпинист и автор Алан Арнет, трошоците за искачување на Еверест до 2025 година ќе се движат од 40.000 до 200.000 долари. Цената зависи од рутата (Непал или Тибет), видот на поддршка, водичот, опремата и објектите. Просечната цена за западните компании во Непал сега е 76.600 долари, додека локалните водичи нудат пакети за помалку пари, дури и за 30.000 долари.
Услугите што треба да ги купите за да се искачите на Еверест:
-Патување и транспорт: 2.525 – 10.125 долари
-Авионски билет: 1.500 – 7.000 долари
-Трансфери и дозволи за влез во Непал или Тибет
-Транспорт на опрема со товарни животни и штали
-Лиценци и осигурување: 9.950 – 29.500 долари
-Непал: Дозвола за искачување 11.000 долари/лице (од септември 2025 година, 15.000 долари)
-Дополнителни такси: 13.500 долари за отпад, инфраструктура
-Тибет: 15.800 – 18.000 долари/лице со повеќе бенефиции
-Осигурителен пакет: до 15.000 долари за целосно покритие
-Опрема и материјали: 5.000 – 30.000 долари
Лична опрема за големи надморски височини (чизми, одела, вреќи за спиење итн.)
-Кислород (5 шишиња): 3.000 долари
-Маска и регулатор: 1.000 долари
-Храна, гориво, готвење, кампување: 3.800 – 8.800 долари
-Водење и поддршка: 30.000 – 85.000 долари
-Комплетни пакети од западни компании: 49.000 – 115.000 долари
-Аранжман од непалска компанија со помошници Шерпа (Шерпасите се планинско племе во Непал): од 30.000 долари
-Личен водич Шерпа со кислород: 5.000 – 9.000 долари
Видови мисии:
-Поддршка од Шерпаси (без водич): Најевтина опција, без водич – 30.000 – 45.000 долари
-Шерпаси водичи: Шерпа водич-придружник, но без гарантирани безбедносни упатства
-Тура со целосно водење: Сеопфатна поддршка од западен или IFMGA-сертифициран тим, до 115.000 долари
Важни предупредувања:
Многу неаполски компании не наведуваат цени. Попустите се вообичаени, но цената е потребно да треба да се договори однапред. Квалитетот на услугата значително варира. Некои Шерпаси не интервенираат ако клиентот инсистира да продолжи во опасни услови.
Покривањето со осигурување бара апсолутно почитување на условите, во спротивно не е валидно. Спасувачките хеликоптери не се дозволени во Тибет, што го зголемува ризикот и финансискиот товар во случај на вонредна состојба.
(Фото: NationThailand)